Свет

Радев убедлив фаворит во вториот круг од претседателските избори во Бугарија

Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. Актуелниот претседател Румен Радев, кој сега е независен кандидат поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената“ на победниците на последните избори Кирил Петков и Асен Василев и „Има таков народ“на ТВ водителот Слави Трифонов, ги повика Бугарите на масовна излезност.

Сакам, пред сѐ, да ги повикам сите луѓе на целосна мобилизација. Пред пет години победивме затоа што бевме мотивирани. Ќе го повторам тоа што го кажав пред неколку денови, ние сме вистинските, но на изборите победуваат организираните. Затоа да не му дадеме шанса на минатото да ја поткопа нашата иднина, порача Радев.

Неговиот противкандидат, ректорот на Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков кој е исто така независен кандидат, но поддржан од ГЕРБ-СДС, ги повика граѓаните масовно да гласаат за надминување на сите кризи кои се намножија во внатрешнат и надворешната политика во Бугарија, како и во економијата. Од друга страна, поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, порача дека ќе биде срамно Радев да остане претседател.

Поголем срам ќе биде Радев да остане претседател. Само за една недела успеа да не скара со нашите соседи. Бугарија од најсаканата држава на Балканот, сѐ што беше добро се случуваше во Софија, надворешната политика на ЕУ се водеше од овде. Сега се мразиме со Скопје, се мразиме со Албанија, се презираме со Турција, постои вистинска закана за етнички конфликт, обвини Борисов.

Радев е јасен фаворит во вториот круг, според анкетите и особено ако се земе предвид дека во првиот имаше повеќе од двојна предност пред противкандидатот, која е тешко веројатно дека ректорот Герџиков ќе успее да ја достигне.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе