Полската полиција денеска привремено му ја одзеде возачката дозвола на поранешниот висок функционер на Европската унија, Доналд Туск и го казни поради пребрзо возење.
Туск (64), кој сега е лидер на најголемата полска опозициска партија, Граѓанска платформа, напиша на Твитер дека казната е соодветна и прифатена без расправа.
Полицијата во Млава, во централниот дел на Полска, каде што бил запрен Туск, соопшти дека 64-годишниот возач ја надминал дозволената брзина во населено место за повеќе од 50 километри, дека му е одземена дозволата за три месеци и изречена казна за брзо возење.
