Вести Македонија

Во МАЛМЕД исплаќани хонорари на неквалификувани работници – ревизија во Агенцијата за лекови

Низа неправилности во работењето на агенцијата за лекови МАЛМЕД утврдиле ревизорите особено во делот на вработените. Нема внатрешна организација и систематизација па се ангажирани се луѓе со договор за дело без да имаат прецизирани квалификации, а се исплаќаат без доказ за извршена работа. Во исто време формирани се 13 повремени комисии кои земале хонорари, иако тоа треба да го сработат вработените. За нивни хонорари се исплатени 75 илјади евра. Во однос на медицинските средства пак, нема евиденција за уплатени надоместоци, па ревизорите откриле дака МАЛМЕД наплатило 210 илјади евра помалку. При постапката за регистрација на лекови кои се издаваат без рецепт, не е воспоставена пракса па постојат производи со исто име и јачина од еден производител регистрирани како лек, а истиот лек но од друг производител е регистриран како граничен производ. Ревизорите имаат забелешеки и во дел од јавни набавки и препорачуваат дека мора да се работи на измена на законот за лекови за да не се повтори состојбата кога поради пандемијата МАЛМЕД првично не можеше да ги увезе вакцините против корона вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе