Вести Свет

Ајфеловата кула светеше во чест на УНЕСКО

Париз и оддаде почит на организацијата на УНЕСКО со организирање светлосно шоу на Ајфеловата кула по повод 75-тиот роденден на агенцијата на ОН.

Во знак на пријателство меѓу главниот град на Париз и оваа организација, каде што е нејзиното седиште од 1946 година, на кулата до логото на УНЕСКО се испишани зборовите „75 години“, како и стилизиран грчки храм со натпис „симбол на надеж за создавање мирен свет“.

Светлосното шоу на Ајфеловата кула е дел од пошироката церемонија која вклучуваше посета на повеќе од 20 шефови на држави, како и прикажување на делата на бразилскиот фотограф Себастијао Салгадо во седиштето на организацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Дејан Дејан

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе