Најважни Спорт Фудбал

Фудбалска рапсодија во Ереван: Македонија ја декласираше Ерменија со 5-0

Македонската фудбалска репрезентација направи голем исчекор кон пласман во баражот за Светското првенство во Катар 2022 откако денеска ја декласираше Ерменија со 5-0 во Ереван.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски одиграа неверојатен натпревар во кој блескаше Енис Барди со капитенската лента на раката и постигна со хет-трик. Сега македонските фудбалери чекаат кикс на Романија во последните два натпревари, вечерва против Исланд или против Лихтенштајн во следната рунда за да дојдат до второто место, а секако ќе ни биде потребна и победа против Исланд во недела во Скопје.

Александар Трајковски ја најави победата во 22.минута по одличниот продор на Стефан Ашковски од десната страна. Енис Барди со фантастичен удар од далечина ниско по земја по втор пат го матираше ерменскиот голман во 36.минута.

Барди својот втор гол на натпреварот, а трет за Македонија го постигна од пенал во 66.минута, откако тој самиот го изнуди во дуелот со поранешниот вардаров играч Хофханес Хамбарџујман.

Милан Ристовски зголеми на 0-4 по асистенција на Елиф Елмас, а точка на натпреварот стави Барди со својот втор гол од пенал во 90 минути со што го комплетираше хет-трикот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Буџетскиот дефицит се зголемува за 110 милиони евра

Дејан Дејан

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

ПИОМ е неликвиден, доцни со уплатите во вториот пензиски фонд и во ФЗО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе