Вести Македонија

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Осум години по стапувањето во сила на стандардите за контрола на загадувањето на воздухот, согласно Договорот за основање на Енергетската заедница во 2018 година, емисиите што предизвикуваат загадување во Косово, во Босна и Херцеговина, во Србија и во Северна Македонија се 6,6 пати над дозволените граници, се вели во извештајот на мрежата „Бенквоч нетворк“.

Извештајот на мрежата еколошки организации е објавен денеска и се осврнува на неспроведувањето на прописите за емисиите на сулфур диоксид (SO₂) од застарените термоцентрали на јаглен во Западен Балкан, чии емисии лани ги надминале законските ограничувања.

Термоцентралите во Босна и Херцеговина забележале најголеми емисии на сулфур диоксид – 196.940 тони, што е 12,7 пати над дозволеното ниво. Следува Србија со 177.756 тони, односно 5,1 пати над пропишаната граница. Во целиот регион на Западен Балкан емисиите на сулфур диоксид од 2018 година наваму се намалиле само незначително.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

До каде се ветените средства за споменикот на 63-те загинати – прашање на родителите од Здружението „16 март“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе