Големите ланци на трговски маркети се на иста линија со Владата околу намалувањето на цените на основните прехранбени продукти остануваат производителите, добавувачите и дистрибутерите. Пазарната инспекција пак ќе анализира кој ги качува маржите и кој стои зад зголемувањето на цените.
Владата и претставниците на големите ланци на трговски маркети постигнале начелен договор на вчерашниот состанок а според премиерот Мицкоски, целта е во јули годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени да биде под три проценти. Сепак за може да се намалат цените и да се спроведе планот на Владата, ќе се одржи состанок и со производителите, дистрибутерите и добавувачите.
- „Една од тие цели е да во јули месец, годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени продукти не биде поголема од 3%, односно да биде под 3%. Се сложивме сите. Се разбира за да ова се реализира, потребно е да направиме еден ваков ист состанок со производителите, дистрибутерите и добавувачите. Потоа сите заедно ќе седнеме на маса“ – Христијан Мицкоски, премиер.
Намалувањето на цените се бара само за основните прехранбени продукти и нема да опфаќа артикли како алкохол и цигари. Од Владата соопштија дека се бараат системски решенија за да ја спуштат инфлацијата од мајските 4,5 проценти на под три проценти, а за тоа ќе биде потребно и промените на цените во маркетите да не бидат над под три проценти. Пазарната инспекција ќе анализира по која цена еден производ се продавал во мај минатата и во мај оваа година за д асе открие кој ги дува маржите.
- „Анализираме и промена на одредени законски решенија во насока на поуспешна реализација на оваа цел. Пазарниот инспекторат доби задача да направи компаративна анализа меѓу цените на еден ист артикл на добавувачите кон маркетите и цените на маркетите за тој ист производ кон потрошувачите – граѓаните за месец мај 2025 споредено со месец мај 2026. Да видиме што е тоа кое што тука креира состојба да имаме зголемени цени на основните прехранбени производи“ – Христијан Мицкоски, премиер.
За трговците но и сите оние кои нема да се придржуваат до евентуалниот договор ќе има казни, а во Владата се разгледуваат можности за воведување на мерки но и законски измени.
Огнен Чанчаревиќ
