Вести Економија Македонија Топ вести

Манасков: ДДВ за струја да биде 0% додека трае енергетската криза

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија Ѓорѓи Манасков во гостувањето во Утринската на Телма вели дека случајот со РЕК Битола се очекуваше многу одамна да се случи.

– Ова е пример како неодговорно се води енергетската стабилност или енергетската состојба во една земја. Се што е направено до сега е направено од времето на Југославија и откако е независна Македонија, ништо не е превземено за нејзино обновување ниту во делот на хидроцентрали ниту во делот на термоцентрали, рече Манасков.

Манасков вели дека од Стопанската комора за енергетика на Македонија бараат да се укине ДДВ-то за електрична енергија додека трае енергетската криза и да биде 0%.

– Бараме веднаш за сите компании 18% ДДВ за електрична енергија додека трае енергетската криза да се укине и да биде 0%. Македонска енергетска берза да се формира со тоа што веднаш ќе имаме попластична или поопипливи моменти околу начинот на договарање или можност на пониска цена на ниво на цела држава, изјави Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе