Македонија Најважни

Министерот Арјанит Хоџа си најави оставка ако остане сегашната влада

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, најави оставка доколку остане владата во сегашниот состав. Ова е негов личен став, а раководството на партијата деновиве ќе одлучува дали ќе ја напушти владата, откако на приговор од ДУИ, ДИК одлучи да се прегласува во Желино, каде победи кандидатот на БЕСА со мала разлика од 69 гласа.

Хоџа обвини дека ДУИ настапува со стари, криминални методи, со цел да им ја украдат победата. За него е симптоматично што ќе се прегласува токму на место каде гласа и кандидатот на ДУИ и каде имаат добиено двојно повеќе гласови од БЕСА.

Му порача на Ахмети да се подготви за опозиција, откако тој з аалбанските медиуми денеска обвини дека БЕСА вршат притисоци и дека не верува дека ќе излезат од владата.

Од Алтернатива имаа најава за изјава веднаш по пресот на БЕСА, но се предомислија и ќе го чекаат дефинитивниот став на партиските органи. Не сакаат да коментираат дали тие се подготвени да го заземат евентуално испразнетото место во владејачката коалиција.

Министерот за правда, пак, денеска изјави дека смета оти ќе се решат сите дилеми и околу владината коалиција и околу партиските превирања.

Маричиќ демантираше дека тој е во игра за нов мандатар.Попладнево и од партијата соопштија дека, на денешниот состанок на раководство на СДСМ, Заев ги информирал за консултациите и разговорите со коалициските партнери, како и за тоа дека, парламентарното мнозинство е одговорно кон иднината на државата и народот и во оваа насока се и разговорите со сите партнери.

Им соопштил и дека, претставниците на сите партии потврдиле дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразиле подршка на влада повторно од ова парламентарно мнозинство.

На денешниот состанок биле утврдени и следните чекори, за кои велат дека  ќе бидат ефектуирани од наредната недела.

Информираат и дека, согласно статутарните одредби, со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе