Македонија Топ вести

Оставката на премиерот значи и оставка на целата Влада, сметаат аналитичарите

Премиерот Заев по поразот на изборите поднесе оставка од премиерската и лидерската функција во СДСМ, но според Уставот тоа значи и оставка на владата и почнување на процедурата за нов мандатар, оценуваат аналитичарите во Отвореното студио на Телма.

Член 93 од Уставот вели: Оставка на претседателот на Владата, неговата смрт или трајна спреченост да ја врши функцијата, повлекува оставка на владата, значи ние сега фактички имаме влада во оставка, вели новинарот на „Коха“ Лирим Дулови.

Илија Димовски ја објасни процедурата која следува по поднесената оставка на Заев.

Г-динот Заев треба да ја достави оставката до г-динот Талат Џафери, тој да ја констатира. Тоа не значи распуштање на Собранието, во многу држави тоа значи распуштање на Собранието, но кај нас не е така. Во тој момент претседателот на државата го почнува процесот на утврдување на мандатар, односно ќе мора да има разговори под патронат на претседателот на државата. Но оставката на Заев е оставка на целата влада, со напомена дека таа продолжува да ја извршува својата функција до моментот на избор на нова влада. Утре Заев пак ќе биде премиер, но во оставка и сите министри ќе бидат министри во оставка. Тука треба да се провери, јас не сум до толку сигурен, ограничќеноста на мандатот за извршување на одредени активности на владата кога таа е во оставка. Мислам дека веќе од овој момент нема целосен мандат, рече Димовски.

Претседателот ќе треба да утврди кој има мнозинство и кој ќе формира идна влада ако не се оди на избори, вели аналитичарот Сашо Клековски. Но напомена дека резултатите од изборите повлекуваат и други внатрепартиски промени во СДСМ.

Тука морам да напоменам дека резултатите од изборите не водат само до оставка на Зоран Заев, туку ќе има и други внатрепартиски промени. Резултатот во Куманово е директен пораз на министерот Оливер Спасовски. Скоро цела изборна единица 2 е изгубена за СДСМ. Да излезам надвор од СДСМ, во ДУИ, одличните резултати на скопските ограноци наспроти лошите резултати на полошките ограноци. Сакам да кажам тоа не може да помине туку така. Претпоставувам дека овој изборен резултат на ДУи ќе му го подигне внатрешнито рејтинг на Изет Меџити кој до сега беше во извесна фракција или опозиција во партијата, оцени Клековски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе