Вести Македонија

Македонскиот рис и народните носии привлекоа рекорден број посетители на павиљонот на Дубаи ЕКСПО 2020

Слободните економски зони и туризмот, но и иновациите и енергетиката се претставени како можности на Македонија на Дубаи ЕКСПО 2020. Преку посебни панели на македонскиот павиљон се покажуваат можностите за економска и трговска соработка, како и инвестицискиот и бизнис потенцијал на земјава, што е посебен фокус на овогодинешната презентација на државата.

Меѓу промотивните фотографии пратени од МНР, се гледа дека внимание предизвикал и експонатот на македонскиот рис, како и многубројните народни носии од различни делови на државата.

-Во петок, 29 октомври 2021 година, нашиот павилјон на Дубаи ЕКСПО, на кој се претставени културните посебности, туристичките атракции, богатото историско наследство, како и етничката разновидност, забележа рекордна посетеност од безмалку 5000 посетители, соопшти МНР.

Многубројните посетители од над 190 земји во светот имаат уникатна можност директно да се запознаат со културата и традицијата на нашата држава, како и со природните богатства и туристичкиот потенцијал.

Изложени се теракоти, артефакти, традиционални носии, промотивни материјали и видео презентации на Северна Македонија.

-Придобивките од учеството на Северна Македонија на ДУБАИ ЕКСПО 2020 се мултидимензионални. Тие овозможуваат пред се’ подигнување на видливоста на земјава во регионот на Блискиот Исток, но и во светски рамки, зголемување на бројот на странски туристи, креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот, соопштуваат од МНР.

Македонија учествува на најголемиот светски настан за оваа година – ДУБАИ ЕКСПО 2020 со слоганот “Дом на секој чекор”, а под мотото “Нови можности”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе