Uncategorized

Бугарската амбасада ќе ја проверува келијата на Орце Камчев, Алек Теранова сведочеше за шемата како со партиски донации се купувале „Плацеви на Водно“

Бугарската амбасада побарала, министерството за правда одлучува, а судијата во предметот „Плацевите за Водно“ каде што Орце Камчев е обвинет дал дозвола тој да биде посетен од бугарски дипломат, соопшти Илија Трпков на денешното рочиште за „Плацевите на Водно“.

Според судијата Трпков, посетата е оправдана.

ИСПРАВКА: Од првата верзија е избришан делот „бидејќи Камчев имал приложено фотокопија пред судот од дипломатскиот пасош на соседна Бугарија.“

-Има вербална нота доставена од амбасадата на Бугарија со барање до Министерството за правда да дозволи советникот Герман Ванчев да го посети државјанинот на Република Бугарија, Јордан Камчев. Од моја страна е дадена дозвола да се изврши таа посета исто како што беше и за Јан Фигел иако во документите тогаш имаше само фотокопија од негов дипломатски пасош”, рече судијата Трпков.

Внимението во судницата го привлече сведокот на обвинителството и бизнисмен Александар Ивановски, викан Алек Теранова кој во детали објасни како после повикот од Сашо Мијалков влегол во шемата за купување на парцелите на Водно.

Тој ги открил плацевите, му посредувал на Мијалков за купување како на добар пријател без провзија, но без да знае дека преку оффшор фирмите биле наменети за тогашниот премиер Никола Груевски, а според обвинението плаќани со пари на партијата ВМРО- ДПМНЕ.

Алек Теранова од бомбите дознал дека плацевите биле за премиерот од кого пак последен пат добил повик по неговото бегство во Будимпешта.

-Во 2018 година после неговото  бегство, добив порака од унгарски телефонски број и Груевски ме прашуваше дали имам станови во Центар во Скопје за неговата сопруга. Му кажав дека немам, дека имам станови само во Аеродром во градба коишто ќе бидат готови во 2020 година“, рече Александар Ивановски.

Ивановски освен што е сведок тој во минатото бил и потписник на полномошното за отворање на фирма на “Сирах инженеринг”, фирма ќерка на офшор компанијата од Кипар којашто ги купила спорните плацеви. Управител на фирмата е кумот на Груевски, Ристо Новачевски исто обвинет во предмтот „Плацеви на Водно“.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе