Македонија

Прославен денот на македонската револуционерна борба

Со полагање цвеќе на државни и партиски делегации пред споменикот на Гоце Делчев во градскот парк во Скопје се одбележа Денот на македонската револуционерна борба.

Честитки испратија и од државниот врв и од политичките партии.  Датумот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртната точка од која започна долгиот и макотрпен пат за создавање на независна македонска држава – порача во честитката претседателот на државата Стево Пендаровски.

„ Без разлика на вера, етникум, идеологија, партиска или каква било припадност да се обединиме околу идејата за демократска, развиена, напредна и просперитетна Република Северна Македонија. Да ги надминеме предизвиците на нашето време, да си ја сакаме и чуваме државата, да не се арчиме со меѓусебни судири и да го оставиме личниот интерес и суетите настрана. Да продолжиме да градиме иднина, инспирирани од родољубието, пожртвуваноста и од хероизмот на нашите револуционери’ – порачува претседателот Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе