Македонија

Блинкен и Борел со заеднички став – преговорите со Македонија и Албанија треба да почнат без одложување

По минатонеделната средба во Вашингтон на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел и шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, двете страни денеска изразија согласност дополнително да го засилат својот заеднички ангажман на Западниот Балкан во поддршка на напредокот на регионот на патот кон Европската Унија.

Откако по нивната средба во главниот град на САД првично беше само назначено дека се разгледувале можностите за продолжување на американско-европското партнерство на Западниот Балкан, овој пат во својата заедничка изјава, Борел и Блинкен, многу прецизно ја подвлекуваат својата целосна поддршка за процесот на проширување на Европска Унија.

Се оценува дека тој процес, кој е клучен приоритет за целиот Западниот Балкан, помага за зајакнување на демократските институции, за заштита на основните права и за зацврстување на владеењето на правото.

Овој регион и припаѓа на Европската Унија. Поблиската интеграција ќе ја засили стабилноста и ќе придонесе за просперитетот на народите во регионот. Во овој контекст, тие подвлекуваат дека преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија треба да отпочнат без одложување, велат во заедничка изјава Блинкен и борел.

САД и ЕУ изразуваат и сериозна загриженост заради растечката реторика на поделби во Босна и Херцеговина, изразувајќи силна поддршка за територијалниот интегритет на оваа држава, ветувајќи заедничка работа за промоција на изборната и уставна реформа.

Сите страни се повикуваат да преземат чекори за напредок на патот кон ЕУ, преку спроведувањето на реформите.

По неодамнешните тензии во Северно Косово, Борел и Блинкен ги охрабрувааат двете страни да бидат дел од продолжената и одржлива деескалација и да избегнуваат постапки со кои се загрозува стабилноста.

Двајцата дипломати изразвуваат поддршка за борбата на Косовската влада против корупцијата и организираниот криминал, подвлекувајќи и дека насилството против цивилите, новинарите, полицијата или други носители на власта е неприфатливо.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе