Јас сум убеден дека ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, тврди премиерот Зоран Заев. Тој посочи на „структурата“ на гласовите, тврдејќи дека овој пат, дел од „коалицијата на прогресот“, како што ја нарече, одлучиле самостојно да настапат на изборите. Тоа, тврди Заев, значи дека во вториот круг тие гласови ќе се вратат на нивното конто.
Јас сум убеден во тоа. Кога ќе ги сублимирате советите, реков, нашиот вкупен број на советници, на централно ниво, на коалицијата, е поголем од советите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не значи дека е некаде доволен. Да, имаме сега и нови партии кои што имаат одреден број на советници, како независни листи, или Левица, која исто има соберено гласови за советници. Марифетот на крајот е со кој ќе направите програмско, заедничко седнување, таму каде што не можете тоа сами како коалиција да го направите, рече Заев.
Рече дека на крајот на изборите ќе се сублимираат резултатите, вкупниот број на градоначалници, вкупниот број на гласови од прогресивната и коалицијата која што влече назад.
