Македонија

Трибичино, 16 километри од Струмица, село само со 11 гласачи

Околу 30% од гласачите гласаа до 12 часот во планинското село Трибичини, во општина Василево. Но, овој процент го постигнале само 3 гласачи. Бидејќи во цело село има вкупно 11 избирачи.

Во селото е раздвижено. Речиси во секоја куќа има по некој. Сопствениците на куќи и викендици се трудат да го заживеат, но велат дека по масовните миграции во 70 години на 20 век, последниве години има повторно голем интерес за селото, особено откако има пат и водовод.

Трибичино не е недостапно место. Од Струмица е оддалечено петнаесетина километри, па затоа и има интерес за рурален туризам.

Инаку, во селото постојано живеат околу петмина жители. Останатите доаѓаат повремено.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе