Македонија

Османи: ДУИ победува во три општини уште во првиот круг

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на првата прес-конференција по завршувањето на гласањето за локалните избори истакна дека првично очекуваат победа во три општини уште во првиот круг. Тој рече дека голема предност неговата партија има и во речиси сите општини каде имаат кандидати.

Според прелимирнарни резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково. ДУИ има предноста во сите други општини каде учествува со свои кандидати и можам да кажам целиот дел е озеленет. Според првичните сознанија, ДУИ е во предност на пример во Чаир имам непотврдени сознанија дека односот е 2-1 за ДУИ и голема е предноста и можноста за победа уште во прв круг, но немам дефинитивна потврда. Во Куманово односот е 3-1 за ДУИ. Трендовите водат кон голема победа на ДУИ, истакна на прес-конфренцијата Бујар Османи.

Според портпаролот на ДУИ, првиот круг успешно е завршен, а заедно со кампањата тој оцени дека е создаден еден круг на политички успех.

Изборите заврпшија успешно и покрај мали технички предизвиоци кои брзо се отстрануваа и не го попречија изборниот процес. Излезност надмина до 50 отсто и дава суштински политички летгитимети со полн авторитет избраните претставници да ги презематат функциите и со полн капацитет да ги спроведат политичките ветувања во кампањата, истакна Бујар Османи.

Оцени дека со изборите се потврдува успехот на државата како политички зрела демократија, земја која не случајно е членка на НАТО и кандидат за влез во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе