Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Судар во центарот на Скопје, автомобил заврши во споменикот на Свети Климент Охридски

На фотографијата се гледа едно од трите возила кои што учествуваа во тешката сообраќајна несреќа на скопскиот булевар „Климент Охридски“, во близина на Соборниот храм.

Има неколку повредени луѓе, од кои едно момче имало потешки повреди. Покрај полицијата интервенираше и Итната помош.

Автомобил по судирот се забил  во споменикот на Свети Климент Охридски. Станува збор за силен и сериозен удар бидејќи во автомобилот се активирале и воздушните перничиња.

Сообраќајната несреќа се случила на влажен коловоз и по студено време околу 21 часот синоќа. За време на интервенцијата и увидот, сообраќајот се одвиваше отежнато. Увидот треба да ја открие причината за несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе