Вести Македонија Топ вести

ИВЗ бара да не се злуоупотребуваат исламските верски обреди за политички цели

Лавина реакции во јавноста предизвика групната исламска молитва пред Владата предводена од кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од Левица Тефик Махмут.Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат, која е причината за ваквиот колелктивен собир на главна улица, други укажуваат дека место за молитва е џамијата а ИВЗ е единствениот  организатор за нејзино одржување.Ваквата кампања некои ја нарекоа   ,, мазохистичка ,,  и иживување врз секојдневното живеење на граѓаните.  Исламската верска заедница побара да не се злоупотребува исламот за политички цели.

Тефик Махмут не одговори на прашањето која била целта на молитвата пред Влада. Во негово име се огласи Левица.Махмут бил инспириран од неговите идеолошки предци како Малком Икс и сакал да покаже дека Ромите се тука и се подготвени целосно да се вклучат во политчките случувања во Македонија.

Организаторот претходно го пријавил настанот во МВР а главнаат сообраќајница била блокирана два часа.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе