Вести Македонија

Снегот на опасните превои го закочи сообраќајот, на Стража забрана за камиони

Од ЦУК соопштија дека на планините врне снег кој на превоите го отежнува сообраќајот. Веќе падна и првата забрана за тешки моторни возила.
Дождот што врне на целата територија на државата, на повисоките места премина во снег. Конкретно, на планините во западните и североисточните делови над 1.000 метри надморска височина врне снег.
Одредени патни правци се забранети за тешки товарни возила, како на пример делницата Маврово – Дебар, превојот ,,Стража”, а на делницата од Крива Паланка на околу три до пет километри од пред граничниот премин ,,Деве Баир” е отежнат прооден дел од патот.
Надлежните за магистралните патишта веќе преземаат активности за чистење на критичните точки на повисоките места.
ЦУК апелира до граѓаните, кои планираат да патуваат, а и тие што веќе патуваат да бидат внимателни на патиштата, како заради дождот и снегот, така и заради можни одрони.
Истовремено да ги следат и информациите на надлжните служби, а и медиумите, коишто за истите критични точки и патни правци ја информираат јавноста. Затоа и изразуваме благодарност до медиумите за нивната ангажираност за инфорирање на јавноста при непогоди, а и за кризни ситуации.
За прогнозата и состојбата на повисоките планински места и во скијачките центри прочитајте повеќе на наредниот линк. 

(ВИДЕО): Октомвриски снегови ги покрија ски центрите и Водно. УХМР предвидува до 15 см снег на планините

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе