Вести Македонија

Во осквернавениот гроб на 17-годишна девојка барале злато и накит, обвинителството со детали за морбидниот криминал на кумановските гробишта

За единствениот ограбувач на гробови кој не е во затвор, обвинителството побара притвор. Тројцата осомничени (од кои двајца се затвореници од Идризово кои биле на викенд) ја скршиле гробната плоча и барале да украдат златен ланец од вратот на покојната за кој што имале сознанија.

Соопштението на обвинителството гласи:

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 30 години за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот, заедно и по претходен договор со уште две лица, на 10.10.2021 година, околу 1 часот по полноќ, на Градските гробишта во Куманово со совладување на препреки, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

Тие со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен гроб, започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало тело на починато лице.

Осомничените го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел пронаоѓање на златен накит, особено златен ланец за кој имале сознанија дека се наоѓа на телото на покојната, меѓутоа при пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово  до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Постапка се води и против другите двајца осомничени, кои во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.

Морбидниот кривичен настан за кој што вчера објави Телма ја вознемири јавноста бидејќи станува збор за вечно почивалиште на девојка која загина во сообраќајна несреќа предизвика од млад возач кој е на судење под обвинение дека го управувал завтомобилот под влијание на алкохол.

Целиот случај е контроверзен откако таткото на загинатата девојка беше приведуван од кумановската полиција под сомнение дека се обидел наводно да ангажира извршител на платено убиство, додека мајката пријавуваше дека била следена од сведок на сообраќајната несреќа во која ја загуби малолетната ќерка.

Ископан и осквернавен гробот на 17-годишна загината кумановка во сообраќајна несреќа- чие семејство со билборд бараше спас од пијани и дрогирани возачи

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки- Мицотакис им се заблагодарил за соработката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе