Вести Македонија Топ вести

Човек со лажен пиштол се шетал низ трговскиот центар Бисер, уапсен е

Приведен е човекот кој денеска со пиштол се шеташе низ ТЦ Бисер во населбата Аеродром, а за кој претходно беше предупредено на социјалните мрежи на кои беше објавена снимка.

-Пиштолот со кој ги заплашувал минувачите не бил вистински, туку пластичен, односно играчка, потврдија за Телма од МВР.

На социјалната мрежа Твитер, беше објавено видео од напаѓачот, кој во жолто заштитно елече и со пиштолот-играчка се движи по скалите во ТЦ Бисер од приземјето кон катот.

Некои од присутните мислеле дека се снима реклама или филм, но полицијата била алармирана и го фатила.

Момчето има 19 години и имало здравствени проблеми, одземен му е пластичниот пиштол и футролата, а поради состојбата е пуштен и е известен надлежниот центар за социјални работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Изгласан дупот за Барутана кој предвидува изградба на 24 хацијенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе