Нема одговор од МВР, ниту пак од инспекциските служби зошто не се превземаат никакви мерки, ниту пак изрекуваат казни за лицата кои не ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Нема ниту информации кој и зошто дозволува да се организираат и одржуваат настани на отворено до 50% капацитет, без да се прикажат сертификати за вакцина или за прележаност, одлука која е донесена од Владата.
Додека за едни се изрекуваат строги казни, за други законот не важи. Наместо да бидат пример среде пандемија, тие го прават спротивното. Поздравите и прегратките на митинзите, но и собирите во затворен простор им станаа секојдневие. Дистанца не се држи а ретко кој и да носи заштитна маска. Министерот за здравство Венко Филипче признава дека се работи за пропуст и најави дека уште од денеска ќе им препорача на партиите да ги почитуваат Ковид протоколите.
За Премиерот Заев виновни се граѓаните кои самоиницијативно доаѓале на митинзите.
За речиси два месеци починале 175 луѓе од Ковид-19, а биле вакцинирани
ВМРО-ДПМНЕ одговорноста ја лоцира кај владејчките партии и институциите со кои тие раководат. Не дадоа конкретен одговор зошто и тие не ги почитуваат заштитините мерки на партиските собири.
СДСМ и ДУИ не ги почитуваат основните безбедносни протоколи што доведе до пожар со 14 пеплосани луѓе во болница, така што ако зборуваме за одговорност во делот на здравството-таа лежи кај Заев и Филипче коишто влијаат на истрагата додека од позиција на сила се смешкаат качени на бина, велат од опозициската партија.
Казната за немање сертификат се движи од 250 евра за физичко лице до над 2.500 евра за организаторот на настанот.До крајот на кампањата во првиот круг од локалните избори остануват уште 12 дена.
Јулијана Пешевска
