Ковид19 Македонија

Затворен еден вакцинален пунк во Струмица, градот со најмал процент вакцинирани

Се затвора пунктот за масовна вакцинација во спортската сала на основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица. Од следната недела салата ќе му биде отстапена на училиштето. Директорот на Никола Вапцаров вели дека веќе се расчистува просторот.

Вакцинацијата отсега ќе се одвива во просториите на Спортска медицина и според директорката на Здравствен дом Струмица капацитетот ги задоволува дневните потреби за вакцинација против ковид-19.

Струмица е еден од градовите со најмал процент на вакцинирани граѓани. Од Здрвствен дом велат дека овие бројки не ја одразуваат реалната состојба бидејќи пунктот за масовна вакцинација во Струмица се отвори кога веќе голем број граѓани биле вакцинирани во Скопје, Штип и Кавадарци.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски во Телма интервју: Сите нови вработени кои се помлади од 40 години се вклучуваат во вториот пензиски столб

Kristina Kuzmanovski

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе