Четвртиот бран на коронавирусот во земјава досега однел 1.162 животи, од вкупно 35.531 македонски граѓани кои во последните осум недели, колку што трае овој бран, биле регистрирани како позитивни на коронавирус, објави денеска министерството за здравство. Во последните три недели бројот на смртни случи е зголеме за 2/3 споредени со првите пет недели од последниов корона-бран. Процентот на хоспитализирани кои не биле имунизирани е 79 проценти.
За осум недели колку што трае четвртиот бран на коронавирус во земјава 35.531 граѓанин бил потврден како позитивен на коронавирус од кои 27.298 не биле вакцинирани, или изразено во проценти, дури 77 проценти од позитивните биле неимунизирани.
Според анализата која ја објави министерството за здравство процентот на хоспитализирани невакцинирани е нешто повисок и изнесува 79 проценти, додека процентот на хоспитализирани вакцинирани иако е речиси четирикратно помал и е 21 сепак се зголемил за пет проценти во последните три недели. Пред три недели нивниот процент изнесуваше 16%.
Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање во Македонија, но и со вакцините на Модерна и Џонсон со кои се вакцинираат макеоднските државјани во другите земји.
Во анализираниот период од 6 август заклучно до вчера, 30 септември, од коронавирус во земјава починале 1.162 лица од кои 987 не биле вакцинирани, а 175 или 15 проценти биле вакцинирани. Во последните три недели споредено до претходните пет бројот на починати се големил за околу 2/3, поточно до 6 август до 9 сепетември, починале вкупно 678 лица, а за само три недели таа бројка се зголемила за 484 лица. Во изминатиот период за осум проценти е намален бројот на починати невакцинирани, а за три проценти е зголеме бројот на починати вакцинирани.
Според анализата починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Инаку пред старот на четвртиот бран поточно во месец јули вкупно биле регистрирани 809 случаи на позитивни од тестирани за Ковид 19, од кои само 10% или 82 лица, со целосна вакцинација што значи 14 дена по примна втора доза вакцин, се заразиле со коронавирус.
Тамара Грнчароска
