Ковид19 Македонија Најважни

Неготино и Кавадарци со најголем процент вакцинирани граѓани

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 26 септември, со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 отсто од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55 отсто, кај лицата помеѓу 18 до 39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Според последните податоци, како што се посочува, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (63,9 отсто), Кавадарци (64,3 отсто), Гевгелија (61,4 отсто) и Неготино (65,1 отсто).

Помеѓу 50 до 60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40 до 50 отсто опфат на вакцининирани граѓани има во градовите Кичево, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод, Скопје и Тетово.

Помеѓу 30 до 40 отсто, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Петличковски: Бустер дозата кај нас нема многу да помогне за колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои не примиле ниту прва доза

Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот, информираат од Министерството и апелираат сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време во еден од најблиските пунктови до местото на живеење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Стармер, Мерц и Макрон ја поддржаа идејата за преговори Украина – Русија

Kristina Kuzmanovski

Се огласија сирени во Тел Авив, нови напади меѓу Израел и Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе