Вести Ковид19 Македонија

Извештаите на ИЈЗ откриваат дека 47% од хоспитализираните пациенти починале во болница од Ковид-19

За една недела оздравеле 47 хоспитализирани пациенти, а во болница починале 121 заболени од КОВИД 19.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје се гледа дека од досегашните 13.159 случаи на хоспитализирани болни од Ковид 19 (затворени болнички случаи), 6.956 оздравеле и се пуштени, а 6.203 пациенти починале (вкупно починати се 6.607 луѓе, од кои 404 починале во вонболнички услови). Пресметано во проценти, 47,14 % од затворените болнички случаи завршиле со смртен исход, а 52,86% проценти од хспитализираните оздравеле.

При споредба на трите последни извештаи на ИЈЗ се гледа дека тој процент расте во овој период, односно за последните три обработени недели процентот на починати се зголемил за 0,8% и е се поблиску до 50 одсто од вкупниот број на затворени случаи на хоспитализација.

Само во последната седмица 47 пациенти оздравеле и ги напуштиле ковид болниците, додека 121 пациент починале од болеста. Претходната недела овој сооднос е уште поголем односно од 12-ти септември до 19-ти септември оздравеле 71 хоспитализиран пациент, а починале 176 кои биле на болничко лекување.

Бројките и процентите се пресметани врз основа на трите последни неделни извештаи на Институтот за јавно здравје. Моментално се хоспитализирани 774 лица.

Последен извештај на ИЈЗ:  Македонија досега има починато 6.607, 6.203 (47,14%) умреле во болница, а од болници излегле оздравени 6.956.  (52,86%) за една недела 47 оздравеле од болница, а 121 починале минатата недела . Од 13.159 хоспитализирани досега

Претпоследен извештај на ИЈЗ (12.-19.09.2021.) Пријавено  починати вкупно 6.472. 6.082 (46,81%) починале во болница, а 6.909 (53,19%) се оздравени од болница. Вкупно хоспитализирани дотогаш 12.991. За една недела 71 оздравеле од болница, а 176 починале во период меѓу 12-ти и 19-ти септември.

Извештај на ИЈЗ за недела 05.-12.09.2021. Вкупно до тогаш 6.277 починати. 5.906 (46, 34%) починати во болница, 6.838 (53,66%) оздравени од болница  Вкупно дотогаш во болница 12. 744 хоспитализирани.

Извештај на ИЈЗ за период од 19.-26.09.2021.

Од почеток на пандемија до сега

Вкупно починати                                  6.607

Вкупно хоспитализирани                  13.159

Починати во болница                         6.203 (47,14%)

Оздравени по хоспитализација       6.956 (52,86%)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Партијата на Курти освои најмногу гласови на избoрите во Косово

Kristina Kuzmanovski

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе