Возач среде пладне дигнал брзина од 203 километри на час на место каде брзина е ограничена на 120 км на час.
Радар на сообраќајна патрола на МВР го фатил и измерил возачот на клучката Кадино на автопатот Скопје-Велес. Тој е еден од тројцата возачи кои возеле со повеќе од 70 км/час над дозволената.
МВР соопшти колку прекршоци се откриени вчера:
Во текот на вчерашниот ден (25.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 338 возачи.
Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 153 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
