Ковид19 Свет

Бајден: Невакцинираните ја загрозуваат економијата

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека невакцинираните Американци прават „голема штета“ на земјата, ја загрозуваат нејзината економија и го забавуваат закрепнувањето.

Одбивањето да се вакцинираат нѐ чини сите многу скапо, изајви Бајден, додавајќи дека продолжува со задолжителна вакцинација секаде каде што може, и веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани.

Бајден, исто така, истакна дека здравствените агенции, заедно со владата, се обидуваат да ја прошират програмата за трета доза и на крајот ќе дозволат таа да се администрира на пошироката јавност. Бајден ги повикува Американците да примат трета доза, велејќи дека истото ќе го стори и тој наскоро.

Ако ја примивте вакцината на Фајзер во јануари, февруари, март оваа година и имате над 65 години, одете да земете бустер. Или ако имате болест како дијабетес, или сте работник во првата линија, како здравствен работник или наставник, сега можете да добиете бесплатна трета доза. Ќе ставам трета доза, тешко е да се признае дека сум над 65 години, но ќе примам бустер доза, рече Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Kristina Kuzmanovski

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Партијата на Курти освои најмногу гласови на избoрите во Косово

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе