Ковид19 Македонија

Нови 526 случаи на Ковид-19 и 28 починати

Денеска се регистрирани 526 нови случаи на КОВИД-19, од направени 3.632. Најмногу новозаболени има во Скопје – 245, потоа Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Делчево и Демир Хисар – по 2, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица од кои најмладиот има 42 години а најстариот 83. Деветмина од починатите лица се од Скопје, две починати лица има од Куманово и по едно починато лице од Велес, Кратово и Кичево. Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09 до 17.09. Од нив 4 се од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.

Институтот за јавно здравје соопштува дека денеска се регистрирани и 830 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

Kristina Kuzmanovski

Изведување нови докази на судењето за пожарот во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе