Вести Македонија Најважни

Дојче Веле: За тетовскиот ковид-центар надлежни општината и директорот, нема потпис од ниту еден инжинер за извршен надзор во сите модуларни болници  

Според тендерската документација, која ја објави Дојче веле, целосната надлежност за контролната и оперативната фаза на тетовската модуларна болница била на општина Тетово, директорот на болницата и комунални инспектори.

Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на Светска банка го спроведувале, а локалните власти и директори требало да го контролираат квалитетот и функционалноста на модуларните болници, покажуваат документите до кои дојде Дојче веле.

Документите насловени „План за еколошки и социјален менаџмент“ на модуларните болници, објавени во октомври 2020 година во подробности ги опфаќаат фазите на изградба на модуларните болници, нивното одржување и контрола за секоја од нив поединечно.

Според овие документи, надлежни за спроведување на проектот во делот на институционалните договори биле тим- лидерот од Светска Банка и лице од проектната канцеларија на Светска Банка при Министерството за труд и социјална политика како проект-менаџер. Во делот на имплементацијата, за тетовската модуларна болница надлежни биле две лица од Министерството за труд во делот на заштитниот надзор.

Директорот на тетовската болница Флорин Бесими фигурира како изведувач, во локалниот надзор, како и во делот на локалниот инспекциски надзор. Бесими, кој повеќе од 11 години беше в.д. директор на Тетовската болница понуди оставка на функцијата, а истото го стори и економскиот директор на клиниката Артан Етеми- кој не се споменува во документацијата.

Согласно договореното, како што објави Дојче вле на македонски јазик,  по реализацијата на проектот, односно завршувањето на модуларните болници, во документот требало да биде впишано и името на инженерот кој извршил надзор над завршената работа. Таа графа останала празна во сите модуларни болници.

Во документите стои дека уште во подготвителната фаза се предвидува присуство на супервизор од општина Тетово. Во следната- фаза на градба- требало да има контроли од општински инспектори за градба и животна средина. Исто така и во мониторинг фазата.

Во последната, оперативна фаза требало да се направат и повеќе потребни планови, меѓу кои и опасност од пожар односно како што е наведено:

– Подготовка на План за заштита од пожар и имплементација на заштитни мерки (Надлежни: Директорот на болницата во Тетово и одговорно лице во болницата)

Во пожарот во тетовската модуларна болница загинаа 14 луѓе (12 пациенти и 2 посетители на болните), отворена е истрага, но се уште нема никакви податоци за досегашните открија, а понудени се и доставени 4 оставки меѓу кои и на министерот Филипче и заменик-министерот Хасани, но досега се уште не се прифатени од премиерот Заев за да бидат испратени во Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе