Ковид19 Свет

Аризона ја тужи федералната влада поради задолжителната вакцинација 

Аризона стана првата сојузна држава што поднесе тужба против централната влада поради одлуката на претседателот Џо Бајден за обврзна вакцинација на федералните службеници и компаниите со 100 или повеќе вработени.

Чекорот е со цел да се девалвира одлуката на Бајден.

Генералниот обвинител на Аризона, републиканецот Марк Брнович изјави дека тужбата е против „неуставната“ одлука на претседателот, кој е демократ.

Федералната влада не може да им кажува на луѓето да се вакцинираат поради Ковид-19. Администрацијата на Бајден повторно глуми со нашите закони и создава преседани за промоција на својата радикална агенда, изјави Брнович за американските медиуми.

Генералниот обвинител на Аризона започна постапка во окружен суд со барање одлуката за обврзна вакцинација да се прогласи за неуставна.

Указот на Бајден е обврзна мерка за вакцинација во време кога бројките на случаи на коронавирусни инфекции поради сојот „делта“ во САД се зголемуваат.

Според наредбата, вработените во компании со кадар од 100 и повеќе треба да се вакцинираат или да се тестираат еднаш неделно. Работодавачите кои не ги исполнуваат овие барања се соочени со казни во висина од 14.000 долари за секое нарушување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

19 загинати во силниот земјотрес на Филипините, се уриваа згради и продавници

Дејан Дејан

ЕУ ја предупредува Албанија за проектот поврзан со зетот на Трамп, Кушнер

Kristina Kuzmanovski

(Видео) „Вие сте расипана“, Трамп напушти интервју бидејки го налутија прашањата на новинарката

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе