Ученици позитивни на ковид-19 има во основното и средното образование во струмичко. Епидемиолозите велат дека од почетокот на учебната година се регистрирани два кластера, по еден клас во основно и средно училиште. Позитивни случаи има и меѓу просветниот кадар.
Инаку, Струмица и регионот не се во добра епидемиолошка состојба, велат податоците на Центарот за јавно здравје. Во моментов има околу 580 активни случаи на ковид-19 а бројките постојано растат.
Од почетокот на пандемијата до сега во струмичко имало околу 5 илјади активни случаи.
Сузана Мицева
