Пристигнаа со возила на итната помош час по полноќ, а нивните тела претпладнево ги одвезоа погребални возила. Обдукцијата заврши за 15 лица. 8 пациенти се жени и 6 мажи,изгореле во пожарот во модуларната болнцита во Тетово. Загинале на возраст од 29 до 79 годините.
Обдукцијата е завршена и идентификацијата. До крајот на денот ќе ги изготвиме извештаите и ќе бидат предадени на јавното обвинителство, изјави Александар Станков, директорот на институт на судска медицина
Лекарите на судска медицина по 48 часа заклучиле дека смртта кај сите 14 пациентите е предизвикана од последиците од пожарот.
Причини за смртта лекарите од Институт за судска медицина утврдувале и кај дваесетгодишна пациентка од ковид која што лекарите со реанимирање пробувале да ја вратат во живот. Станува збор за девојче од 20-тина години, со церебрална парализа, која во моментот на избувнување на пожарот докторите ја реанимирале, но одеднаш се појавил пожарот, нејзината реанимација е прекината, и заедно со мајка ѝ и медицинскиот персонал е веднаш извлечена надвор, без повреди или изгореници од пожарот. Девојчето, кое веќе било починато, е однесена дома, но обвинителството дополнително ја додава во овој кривично-правен настан и бара нејзина обдукција, поради што е земена од семејството кое го подготвувале нејзиниот погреб.
По налог на обвинителството извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од Ковид-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал непосредно пред избувнувањето на пожарот. Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на обвинителството беше извршена за точно утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот, соопштуваат од обвинителството.
При крај е и ДНК анализата, за која беше потребно подого време односно роднините на починатите се дозваа на барањето на институтот и дојдоа да приложат ДНК материјал за споредба. Извештајот ќе го добие обвинителството кое најави дека истрагата ќе ја продолжи во насока на прибирање на други докази и изјави со од поажрот кој ја проголта модуларната болница во Тетово и однесе 14 човечки животи.
Павле Беловски
