Tетово тагува. Граѓаните во неверување по пожарот кој се случи синоќа во модуларната болница каде се лекуваа пациенти со ковид 19. Повеќето не сакаа да зборуваат пред камера, а најчесто преку социјалните мрежи упатуваат сочувство до семејствата на жртвите и жалат за изгубените животи. Велат дека тетовчани никогаш нема да го заборават овој пожар.
Со едноминутно молчење и тетовските советници на вонредна седница на Советот им оддаоа почит на загинатите во пожарот, по што беше донесена одлука за прогласување тридневна жалост во градот, додека по добивањето на официјалните информации беше најавено дека ќе бидат доделени материјални средства на семејствата на починатите.
Тетово изминатиов период беше едно од жариштата на пандемијата. Токму модуларната болница беше еден од објектите каде се сместуваа пациентите со ковид 19, заедно со инфективнотот одделение и интернистичкиот блок, бидејќи во овој бран на пандемијата има најмногу хоспитализирани пациенти, но имаше и голем број смртни случаи како последица од компликации на болеста.
Данијела Билбилоска
