Ковид19 Македонија Најважни

Филипче: Трета доза за имунокомпромитираните пациенти, за останатите граѓани се чека официјална препорака

Препораката е дека треба да поминат шест месеци од втората доза, за да започне вакцинацијата со третата – бустер доза. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти. Официјалните препораки се уште ги очекуваме за сите граѓани, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Најнапред со анализите и студиите, посочи Филипче, е компанијата „Фајзер“, со која имале состанок и им укажале дека е голема веројатноста, дека тие ќе препорачаат трета, односно бустер доза за сите граѓани, по шест месеци од примената ревакцина.

Нашиот комитет за имунзација ги чека, токму официјалните препораки за и ние тој дел, исто така, го препорачаме. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти, тие кои се на хронична дијализа,меѓутоа треба да помине да помине временски период од шест месеци. Луѓето може да се пријават, изјави Филипче.

Прашан дали пациентите со хронична дијализа треба да се вакцинираат со истата вакцина, Филипче, посочи дека единствено, кое што, сега укажува на тоа дека е потребна бустер доза и дека не се прави разлика, која е првата вакцина е компанијата „Фајзер“.

Тоа значи дека таа вакцина може да се користи, како бустер доза, без разлика кои се првите две примени вакцини, изјави Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Викендов почнува летното сметање на времето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе