Ковид19 Свет

Во Албанија стапија на сила ограничувачките мерки за влез во земјата 

Во Албанија денеска стапија на сила ограничувачките мерки за влез во земјата, што Комитетот на експерти за справување со пандемијата ги донесе на 30 август.

Според ова одлука, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до шест месеци по заздравувањето.

Овие правила важат и за сите оние кои транзитираат низ Албанија, освен за децата до шестгодишна возраст.

Албанските државјани кои постојано живеат во Албанија, а кои се враќаат од престој во друга земја и немаат еден од потребните документи, мора да се изолираат 10 дена и да го известат здравствениот орган да изврши тестирање на крајот од периодот на изолација.

Во објектите на меѓународниот аеродром се дозволува влез само на оние кои патуваат, а кои строго треба да ги почитуваат пропишаните мерки  и протоколи.

Комитетот претходно го зголеми и времетраењето на полицскиот час кој од 1 септември трае од 23 до 6 часот.

Во меѓувреме не стивнува епидемиолошката состојба во земјата,  каде во просек дневно има по над 900 новозаразени.

Министертвото за здравство по задолжителната  вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, соопшти  дека истото  важи и за вработените во  администрацијата, полицијата, вработените во аптеките  и лабораториите. Тие треба да се имунизираат до 30 овој месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паѓаат акциите на повеќе светски автопроизводители, откако Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на возила во САД

Дејан Дејан

Лондон е против трговска војна со САД, Берлин и Париз бараат одлучен одговор од ЕУ

Дејан Дејан

Судот во БиХ распиша меѓународна потерница за Додик – се чека одобрување од Интерпол во Лион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе