Ковид19 Македонија

23 годишно момче од Крива Паланка ја загуби битката со вирусот

23-годишно момче од Крива Паланка нова жртва на Kовид-19. Починал на инфективна, каде бил донесен во многу тешка здравствена состојба. Нема информации дали и каде се лекувал претходно. Од здравство потенцираат само дека бил со прекумерна тежина и не бил вакциниран. Битката со вирусот ја загубиле уште 25 други пацинети. Шестмина од  починатите се од Скопје, петмина од тетово, градот со наголем број жртви на ковид. По три нови жртви има во Гостивар и Куманово, по двајца свои сограѓани загубија Кичево и Струга и по еден починат има во Струмица, Штип, Охрид и Прилеп. 20-мина починале во болнички услови, а шестмина дома.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола, Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Тетово – 105, Гостивар – 87, Струмица – 36, Куманово – 35, Кичево – 27, Кавадарци – 14, Битола и Кочани – по 13, Штип – 11, Прилеп,Велес и Радовиш – по 10, Свети Николе – 8, Гевгелија – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Неготино, Ресен, Пробиштип ,Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар,Демир Капија и Кратово – по 1.

Направени се 5.865 тестови преку: ИЈЗ-292, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–109, ЦЈЗ Куманово –65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Авицена-386, Биотек-338, Систина-134, лабораторија Лаор-337, Синлаб-51, Ремедика-27, Плодност–65, Генеа -16, Никоб лаб-930, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-145, Ројал Медика –64,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.366.

Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројот на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а на активни случаи изнесува 14.998.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо два пати годишно ќе има два пати месечно средби за западен Балкан во ЕУ, предлага премиерот

Дејан Дејан

Скопје и Атина ќе работат на унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита, со поддршка на СЗО

Дејан Дејан

Законите за судска и јавнообвинителска служба поминаа во прво читање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе