Македонија Најважни

Тони Михајловски за Куманово, Александар Стојковски за Ѓорче Петров- ВМРО – ДПМНЕ ги утврди кандидатите за градоначалници

ВМРО – ДПМНЕ на Централниот комиет ги утврди кандидати за градоначалници.

  • Тони Михајловски за Куманово, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, познат актер.
  • Александар Стојковски за Ѓорче Петров, поранешен пратеник, доктор – радиолог на Универзитетската клиника за радиологија.
  • Дарко Костовски – Бутел. Тој е пратеник, и воедно е селектор и тренер на македонската Таеквондо репрезентација
  • Жарко Ристески – Македонски Брод, член на советот на општина Македонски Брод.
  • Дејан Владев – Свети Николе, Виш соработник за активни мерки и политики во Центарот за вработување во Свети Николе.
  • Димчо Атанасовски – Македонска Каменица, завршил во Факултетот за музички уметности во Скопје и работи во училиштето „Св. Кирил и Методиј“.
  • Елеонора Рашковска – Берово, раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Берово.
  • Зоран Здравески – Чашка, стопанственик.
  • Маријан Миленковски – Пробиштип, доктор во ковид центарот при ЈЗУ Универзитетски клиники „Мајка Тереза„ во Скопје.
  • Миле Петков – Виница, дипломиран геодетски инженер.
  • Александар Китански – Пехчево, работи како доктор по ветеринарна медицина.
  • Кирил Пецаков – Охрид. Тој е актуелен пратеник, со завршен Стоматолошкиот факултет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани загинаа, еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа на експресниот пат Градско – Прилеп

Tea Dimkovska

(Видео) Повреден сопственик на викендичка откако пожарот повторно се разгоре во Штип

Tea Dimkovska

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе