Македонија Најважни

Пратениците на одмор, илјадници граѓани со истечени лични карти поради меѓупартски блокади

Пратениците се на одмор а илјадници граѓани се заглавени во меѓупартиските законски блокади поради кои не може да ги реализираат своите потреби. 41.100 е официјалниот број на поднесени барања за издавање нова лична карта поради истечен рок. Законот е блокиран од опозицијата со повеќе од 1.500 амандмани, а најголемиот дел 1.200 се поднесени од Левица.

Од кабинетот на собрансикиот спикер Џафери информираа дека првата седница ќе одржи во периодот од 10 до 15 септември но агендата на закони дополнително ќе биде утврдена. Ова е период во кој најголемата статистичка операција, пописот веќе ќе биде отпочната па неизвесно е како ќе се попишуваат лицата со истечени лични карти а не поседуваат друг документ за идентификација. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на свој фејсбук профил ги повика народните избраници веднаш да го изгласаат законот.

Не обвинувам, само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права, напиша Спасовски.

Доколку не се донесе законот, Владата размислува за друга опција, да се попишува и гласа на изборите со потврда за истечена лична карта.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски без конкретен одговор како ќе се надмине блокадата на Законот за лична карта.

Новите лични карти треба да бидат со уставното име „Република Северна Македонија“. Старите на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе