Македонија Топ вести

Слаб интерес за попишувачи, се нуди хонорар од 45.000 денари

Поради пандемијата слаб е интересот за пријавување на реонски попишувачи. Рокот за пријавување на огласот е продолжен до 25 август а хонорарот за теренската активност се зголемува на 45.000 денари. Владата не отстапува, пописот мора да се спроведе во септември.

Заводот за статистика го продолжи рокот за пријавување на инструктори и реонски попишувачи. Се дава уште една шанса со зголемен хонорар до 45 000 денари. Најмал е интересот за скопксите општини.

Пописот мора да се споведе, дециден е премиерот Заев.

Од државниот завод за статистика уверуваат дека најголемата статистичка операција ќе се врши по сите протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба. Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите. Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За еден час – 200 повици, за цело деноноќие – 2.381 – невремето го „прегоре“ бројот 112 во ЦУК

Дејан Дејан

Почина по операција на камен во бубрег – стручен надзор во сите здравствени установи во кои се лекувала 32-годишна пациентка од тетовско

Дејан Дејан

Ако „злоупотреба за службената положба“ застари, да се одговори со продолжување на судската постапка – предлог на правниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе