Ковид19 Македонија Топ вести

Инфективното во Битола празно, но психијатрија полна со пациенти со пост-ковид трауми

Речиси се испразни Инфективното одделение во битолската болница, каде има само двајца позитивни на КОВИД 19 кои се лекуваат во дневната амбуланта, се во стабилна состојба и нема потреба од хоспитализација.

Но,  сега се полнат останатите оддели во болницата со пост КОВИД пациенти, што се должи на последици предизвикани по прележаниот вирус. Најголем притисок има во Психијатриското одделение, каде покрај останатите  проблеми, пациентите се соочуваат и со акутна деменција.

-Имаме оптовареносот на другите одделенија, тука е Интерното одделение, потоа Невролошкото одделение каде има пост КОВИД пореметувања, но, исто така има оптовареност на Психијатриското одделение, бидејќи по оваа пандемија очекувано е да се појават фобично-анксиозните состојби, паничните напади и слична патологија, која се јавува како последица на целокупната состојба, но и пост КОВИД состојби од аспект на психотични растројства и акутни дементни состојби, вели др Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Директорката Гагачовска, која е инаку специјалист психијатар вели дека ова се очекувани последици од пандемијта.

-Се соочивме со нешто што е непознато. Ние требаше да функционираме со нешто што не ни е по волја. Потоа следуваше периодот на изолации, страв од смртта и постојната оптовареност со бројки и црна хроника која што ни се случуваше. Ова е  очекувано и допрва ќе ни се случува, од аспект на психолошки и психички растројства, рече Гагачовска.

Во Битола, бројките на заразени од коронавируост се намалени и има само 5 активни случаи.

Покрај двајцата позитивни во дневната болница, на Инфективното одделние зголемен е притисокот од  пациенти кои се хоспитализирани со вообичаени летни инфекции.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Во Велес одржан првиот регионален саем за наука

Дејан Дејан

Изборите се единствената шанса за промена, изјави Мицковски на денешната средба со Бајер

Дејан Дејан

Алкалоид со донација на Омепразол вредна над 200.000 евра за клиниката за детски болести и за детската болница Козле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе