Вести Македонија

Над 300 хектари земјоделски култури изгореа во пожарите во штипско

Над 300 хекатри, жито, лозови и овошни насади и други земјоделски култури пеплосаа во пожарите во штипскиот и кочанскиот регион. Пожарникарите по неколку пати во денот излегуваат на терен, по дојави на запалена сува треба и стрништа.

Само во општина Карбинци се проценува дека направена е штета од 50.000 евра на житарици, кои изгореа во пожарите, пред три дена, а проценка на другите култури се уште не е направена. И во кочанско вчера пожарникарите гаснеа житарици и лозови насади.

Пожарите зачестија на истокот по стартот на жетвата на јачменот,  одредени земјоделци никако да ги напушат старите навики за палење на стрништата. Според државниот земјоделски инспекторат во Кочани има само еден инспектор, а досега се изречени 29 казни и поднесени се две прекршочни пријави. Од Државниот инспекторат за земјоделство велат дека казните се мали, потребен е мултисекторски пристап и соработка со општините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе