Свет

Од урнатините на зградата во Мајами извадени уште две тела, вкупно досега 20 загинати

Телата на уште две лица се пронајдени под урнатините на зградата во Мајами, на Флорида, со што бројот на жртвите се зголеми на 20, додека 128 лица се уште се водат за исчезнати

Градоначалничката на округот Мајами-Даде, Даниела Левин Кава, изјави дека двете тела се пронајдени синоќа, откако претходно загриженоста за нестабилност на градбата предизвика 15-часовен прекин во потрагата по преживеани, јавуваат американските медиуми.

Потрагата по преживеаните беше стопирана нешто по 2 часот по полноќ по локално време, поради придвижувење во урнатините, што ги загрижи властите.

Приближно половина од 12-катната зграда со 136 станбени единици се урна минатиот четврток, и оттогаш спасувачите трагаа во урнатините, користејќи кранови, инфрацрвени скенери и кучиња.

Директорот на Одделот за вонредни состојби во Мајами, Дејд Чарлс Сирел, рече дека повеќе од 50 служби и агенции работат на местото на несреќата, вклучувајќи и над 900 вработени.

Засега не е позната причината за катастрофата, но медиумите јавуваат дека зградата претрпела структурални оштетувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Над десетици илјади жители евакуирани поради поплавите предизвикани од тропска бура во Кина

Tea Dimkovska

Во еден ден над 30 доктори во БиХ дадоа отказ – имале ниски плати и лоши услови

Kristina Kuzmanovski

Со 224 поднесени амандмани стартува расправата за ребалансот на буџетот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе