Свет Топ вести

По бегството од над осум месеци, уапсен вториот човек на Златна зора, кој беше осуден на речиси 12 години затвор

Вториот човек на неонацистичката Златна зора и поранешниот пратеник од партијата Христос Папас, осуден на затворска казна од 11 години и девет месеци, по над осум месеци бегство, доцна синоќа беше уапсен во атинска населба.

Кон крајот на октомври минатата година кога судот во Атина ги соопштуваше пресудите и казните за членовите на Златна зора, 59-годишниот Папас успеа да им побегне на властите.

Иако во изминатиот период во грчките медиуми се споменуваше дека Папас ја напуштил Грција и се крие во некоја од балканските земји, сепак беше уапсен во Атина.

Се криел во домот на 52-годишна жена која, исто така, е уапсена и ќе биде изнесена пред јавен обвинител.

Папас, се очекува денеска да биде пренесен во некој од грчките затвори.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелон, рече дека со „апсењето на Христос Папас, конечно се затвора поглавјето на криминалната организација“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Над десетици илјади жители евакуирани поради поплавите предизвикани од тропска бура во Кина

Tea Dimkovska

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Во еден ден над 30 доктори во БиХ дадоа отказ – имале ниски плати и лоши услови

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе