Свет Топ вести

Израелски авиони бомбардираа складиште на оружје на Хамас

Израел денеска бомбардираше исламистички милитантни точки во Газа, како одмазда за пуштањето на запаливи балони од палестинската енклава, во најновите немири од прекинот на огнот во мај, со кој завршија судирите.

Безбедносни извори од Хамас, исламистичката група што управува со Појасот Газа, кој е блокиран од Израел, изјавија дека нападите погодиле места за обука, јави Гардијани. Нема информации за повредени.

Во изјавата на израелската армија се вели: „Како одговор на запаливите балони, испукани кон израелска територија денеска, (воените) борбени авиони погодија … локација за производство на оружје што и припаѓаше на терористичката организација Хамас“.

Вчера, израелската противпожарна служба соопшти дека лансирањето на запалив балон од Газа предизвикал четири помали пожари во јужниот регион Ешкол, на границата со Газа.

Единаесетдневните смртоносни борби меѓу Израел и Хамас, како и други палестински вооружени групи со седиште во енклавата, завршија на 21 мај со изјава за прекин на огнот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Во еден ден над 30 доктори во БиХ дадоа отказ – имале ниски плати и лоши услови

Kristina Kuzmanovski

Од проневери во ФФМ до местење тендери во Царина – јуни во знакот на истраги, ревизии и корупциски настани

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе