Свет Топ тема

Инцидент во Црното море: Руски брод пукаше на британски разурнувач

Руски воен број испука куршуми на предипредување кон разурнувачот на британската кралска морнарица ХМС Дефендер откако навлегол во руските води на Црното море, а рускиот млазен авион фрлил бомби на неговата рута, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Според министерството набрзо потоа Дефендер ги напуштил руските води на северозападниот дел на Црното море, каде дошло до инцидентот.

„Разурнувачот Дефендер на британската морнарица на 23-ти јуни во 11:52 движејќи се по северозападниот дел на Црното море, ја помина државната граница на Руската Федерација и навлезе три километри во морето во областа на ртот Фиолент“, стои во соопштението. Разурнувачот бил предупреден дека ќе биде употребено оружје ако ја премине границата на Русија, но не реагирале на предупредувањето.

После тоа, како што наведува руското министерство, пограничниот брод на руската флота испалил два предупредувачки куршуми, а после одредено време авион Сухој-24 М извел предупредувачко бомбардирање во правец на движење на британскиот разурнувач, пишува Спутник.

После овој инцидент военото аташе на амбасадата на Велика Британија во Москва повикан е во Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесуваат руските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турција продолжува со апсења низ земјата пред самитот на НАТО

Дејан Дејан

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе