Македонија Најважни

Османи не ја губи надежта за зелено светло од Бугарија

Надежта последна умира вака може да се протолкува денешното очекување на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека по денешнотот „не“ од страна на Бугарија на Советот за општи работи на ЕУ, Софија во наредните денови може да се премисли и на состанокот на лидерите на ЕУ в четврток и петок и сепак да крене рака за старт на преговорите со Македонија.

„Можноста е теоретска на 24 и 25, на самитот на лидери, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат. Тоа е можност и да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на самиот самит на лидери“, изјави Османи.

За Османи тоа не е одраз на негов оптимизам, туку констатација на 26 европските лидери дека Македонија треба да ги почне преговорите.

Потврда даке европските земји цврсто стојат зад барањето земјава веднаш да ги почне преговорите стигна денеска од Шведска чија шефица на дипломатијата, Ан Линде, изрази разочарување дека Македонија се уште не ги почнала преговорите.

„Како претставник на шведската влада јас сум разочарана што преговорите не се започнати. Северна Македонија ги исполни потребните услови и преговорите треба веднаш да започнат. Јас сум многу јасна на состаноците на министрите за надворшени работи на ЕУ дека Бугарија не треба да ги блокира преговорите. Сметам дека тоа треба да се реши на билатерален начин и да не биде предуслов за Северна Македонија“, изјави Линде.

Претседателот на државата стево Пендаровски пак денеска помалку оптимсит дека на овој Самит на ЕУ е можна одлука за зелено светло за Македонија, но и со предупредување дека доколку процесот на пристапување остане заглавен земјава не може да седи со скрстени раце туку дека мора да размислува за алтернативи.

„Сега само може да очекуваме по бугарските изборите и по формирањето на мовата влада, конституирањето на новиот парламент, тие да кажат како да излеземе од оваа ситуација која самите ја создадоа. Не можам да видам што можеме да понудиме ние плус, а до сега да не е понудено“, изјави пендаровски.

За шефот на државата португалскиот предлог е смета за одличен за надминување на спорот.

„Во вториот и третиот дел се унилатерлани изјави на Северна Македонија и Република Бугарија за тоа како да се надминат спорните прашања.  Двете унилатерлани изјави само му се даваат на знаење на Евроспкиот совет. Они викаат го примивме на занење, благодариме. Тераме понатака. Не се преговара за тоа“,

Дека португалскиот предлог го третира и прашањето за јазикот денеска како потврда стигна од шефот на дипломатиијата Османи.

„Таму има предлог и за разликите кои што постојат по однос на јазикот во текстот на преговарачката рамка и ние сметаме дека тој предлог е добра основа за решение“, рече Османи.

Османи за конкретниот предлог кој од македонска страна во четвртокот и била доставен на бугарската страна не сакаше да открива детали, велејќи дека станува збор за идеи, за кои рече дека ќе бидат јавно објавени доколку прераснат во основ за надминување на разликите и тоа пред да биде заземен официјален став за тоа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе