Македонија

Бугарија не попушти на министерскиот совет во Луксембург

По прилично интензивна дебатата за проширувањето на Советот за општи работи на ЕУ, Софија одбила да попушти. Бугарското вето за усвојување на преговарачката рамка за Македонија и Албанија останува, и покрај тоа што останатите министри и посочиле на Бугарија дека станува збор за кредибилитетот на унијата, а Германија дури предупредила дека со вакво однесување ЕУ се претвора во „стратешко џуџе“. Но, бугарскиот министер опстојувал на ставот дека станува збор за европски проблем и дека унијата не ја разбира длабочината на проблемот.

Повеќе министри изразија поддршка и побараа да не се блокираат овие две земји со оглед на постигнатиот реформски напредок кој треба да биде награден.

Ние сметаме дека овие две земји ги исполнија сите најважни критериуми, и го очекуваме моментот кога ќе бидат отворени, всушност, колку што може побрзо, преговорите со двете земји, рече Горан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи на Хрватска.

 

Во случајов, навистина важно е конечно да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија. Станува збор за кредибилноста на ЕУ, и проширувањето навистина е најуспешната алатка во надворешната политика што ЕУ некогаш ја развила. Не смееме да го загрозиме тоа, порача литванскиот министер за надворешни Арнолдас Пранкевичиус.

Најголемиот дел членки сметаат дека не треба да има одвојување на Албанија и Македонија, и оценуваат дека таквото сценарио е речиси невозможно. Техничката влада во Софија, и престојните избори во јули, дополнително го комплицираат проблемот, исто како и констатацијата дека Бугарија не може да гарантира дека идната влада ќе го деблокира ветото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе