Uncategorized

Тројца скопјани приведени заради одгледување 100 -тина стебла канабис во Тетовско

Засадена  марихуана полицијата открила во нива во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар.

На оваа локација имало 100 стебла-насади “канабис сатива”,  дел засадени во земја, а дел во саксии.

На местото вчеравечер биле затекнати тројца скопјани осомничени за делото, кои се приведени, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, со кој денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Пронајдениот “канабис” и повеќе други предмети  се фотодокументирани и подигнати за вештачење.

Дополнително од МВР информираат дека во заедничка акција со австриските полициски службеници во текот на месец мај во околината на Виена, откриени се три големи нелегални лаборатории за производство на дрога, при што се запленети над 2000 стебла марихуана.

Во акцијата лишени од слобода се три лица кои директно учествувале во одгледувањето и понатамошната продажба на наркотичната дрога, а се дел од поголема меѓународна организирана криминална група, која дејствува во повеќе држави во Европа.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 10.7.2025

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе